Општи информации

Општи информации

Халкбанк АД Скопје нуди наменски станбени кредити обезбедени со полиса за  животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје  и  полиса од незгода издадена од Халк Осигурување АД Скопје.

 Кредитот можете да го користите за купување на стан, купување на куќа и купување на деловен простор како и рефинансирање на вашите изложености во други банки по основ на станбен кредит. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото. семејство.

Предности

Кредитот обезбеден со животно осигурување кој го нуди Халкбанк АД е со фиксна каматна стапка за првите 10 години, временскиот рок на отплата е до 30 години, ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, БЕЗ трошоци за проценка, БЕЗ трошоци за за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Доколку купувате недвижност во тек на градба Банката соработува со следните градежни компании (.pdf документ).

Услови за кредит

Услови за кредит

  • Износ: до 300.000 ЕУР
  • Максимален рок: до 360 месеци
  • Грејс период: до 12 месеци
  • Каматна стапка со плата во Халк Банка АД:
    • 2,9 % фиксна годишна каматна стапка за првите 5 години, 
    • 3,3% фиксна каматна стапка наредните 5 години, 
    • 4 фиксни процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период ( СВТ 3,54%)
  • Провизија за обработка на кредитот: 0%
  • Без трошоци за проценка
  • Трошоци за кредитот:
    • 200 мкд - проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања)
    • 150 мкд - апликација за кредит,
    • Трошок за полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје (висината на трошокот за полисата е во зависност од тарифата на Триглав Осигурување- живот АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот)
    • Задолжителна полиса од незгода од Халк Осигурување АД Скопје
      • 1.000 мкд годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот 
    • Меничен бланкет
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата. Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит. Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката. Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист.
  • Учество: минимум 10% учество
  • Кредитна способност: до 1/2 од месечни примања (со можност за кокредитобаратели).
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

* 3,54% СВТ за износ на кредит од 50.000еур, каматна стапка 2,9% фиксна годишна каматна стапка за првите 5години , 3,3% наредни 5 години и 4,00 пп + променлива каматна стапка на 6 месечен Еурибор за остатокот на периодот, рок на отплата 360 месеци, трошок за апликација од 150 МКД , трошок за проверка во МКБ 200 МКД и полиса од незгода 1.000 мкд

*Во искажаниот пример за СВТ полисата за животно осигурување не е влезена во пресметката

Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ  , висината на договорната каматна стапка и  износот на полисата за животно осигурување и полисата од незгода..

    ·        Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетрање на кредитот.

    Калкулатор

    Биди информиран за

    ДЕТСКО
    ШТЕДЕЊЕ

    Штеди за твоите деца

    Земи ја твојата

    КРЕДИТНА КАРТИЧКА

    Ти плаќаш,
    Ние те наградуваме со бонус!

    Оди на

    Е-банкарство

    Прави Банкарски трансакции
    од секаде!

    Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.