27.03.2019

Отсега пензиите преку Халкбанк точно на секој 1-ви во месецот

Халкбанк АД Скопје ги известува сите свои клиенти, приматели на пензија преку Халкбанк, дека исплатата на пензиите отсега ќе се врши секој 1-ви во месецот на нивната денарска сметка во банката.

Доколку предвидениот ден е викенд тогаш исплатата се поместува за следниот работен ден.

Оваа новина е валидна почнувајќи од 1 април и со неа всушност се гарантира редовна исплата на пензијата на првиот работен ден во месецот за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а се клиенти на Халкбанк.

Дополнителен бенефит за примателите на пензија преку Халкбанк е и уникатниот пензионерски пакет кој вклучува дебитна картичка за подигнување на средства од сите банкомати од сите банки во РМ без трошоци, можност за користење на дозволено пречекорување на трансакциската сметка и лимит на кредитна картичка до две пензии, можност за плаќање на сметките за комуналии (вода, струја, парно итн ) без провизија, како и можност за потрошувачки кредит со рок на отплата до навршување на 75 години на носителот на кредитот.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.