01.10.2019

Онлајн депозит – нов иновативен производ од ХалкБанк 

Банкарски производ со којшто преку само еден клик граѓаните може да станат штедач на ХалкБанк. Со оваа новина банката воведува значајна дигитализација на банкарските услуги.

ХалкБанк како лидер во воведувањето нови современи технологии и создавање производи и услуги, подготви нов иновативен производ – онлајн  депозит со кој граѓаните едноставно, со еден клик може да започнат да штедат. Преку овој производ, ХалкБанк воведува значајна дигитализација на банкарските услуги за физичките лица, односно граѓаните.

Новиот депозитен производ е наменет за физички лица и претставува уште еден чекор во дигитализацијата на финансиските услуги во земјава со кој, доколку клиентот решил да штеди, нема потреба да оди во некоја филијала и да отвора штедна книшка туку едноставно, тоа може да го направи од кое било место. Единствено е потребно клиентот да е корисник на електронското банкарство на ХалкБанк. Штедењето може да биде во денари или во евра, при што минималниот износ за вложување е 3.000 денари или 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка, вклучувајќи го и кредитниот лимит.

Повеќе за производот на следниов линк.


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.