12.06.2019

Нови функционалности на електронко банкарство

Почитувани Клиенти,

Ве информираме за успешна надградба на системот и воведување на нови функционалности на услугата електронско банкарство.

Новини во електронското банкарство за физички лица :

  • Унапреден начин на најава преку дво-факторска автентикација со користење на лозинки за еднократна употреба според најнови стандарди
  • Зголемено ниво на сигурност при потпишување на налози
  • Освежен и модернизиран дизајн
  • Олеснет и унапреден начин на најава на мобилната апликација преку користење на PIN или биометрика (отисок од прст или препознавање на лице).
  • Воведена е можност за поедноставено плаќање на сметки преку мобилната апликација за физички лица само со внесување на број на фактура
  •  Опција за брза состојба овозможува лесен  преглед на состојба на вашата трансакциска сметка без да се најавувате на апликацијата

Сите корисници на електронско банкарство може да ја превземат  новата апликација на App Store и Google Play.

Упатство за креирање корисник - Физички лица
Корисничко упатство - Физички лица

Ви Благодариме на довербата
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.