02.12.2019

Месец на бонус поени

Почитувани клиенти,

Во последниот месец од годината уживајте со кредитните картички од Халкбанк АД Скопје и собирајте бонус поени!

Во пресрет на новогодишните празници Ви подаруваме “Месец на бонус поени”. Од 02.12.2019 па се до крај ја месецот со секоја трансакција на електронските веб продавници кај кои плаќањето е овозможено преку Халкбанк АД Скопје добивате 5% бонус поени. За време на декемвриските викенди продолжувате да собирате 5% бонус поени на бензинските станици и рестораните каде Халкбанк има поставено ПОС терминали. За атмосферата да биде уште попразнична од 15.12.2019 до 31.12.2019 во парфимериите каде Халкбанк АД има мрежа од ПОС терминали со секоја трансакција може да соберете дури 10% бонус поени.

Листата на веб продажни места и листата на физички локации вклучени во оваа кампања може да ги погледнете на следниов линк.

Собраните бонус поени може да се искористат на било кое продажно место на Халкбанк ПОС терминал.  1 бонус поен = 1 денар.

Дарувајте и празнувајте со бонус поените и кредитните картички на Халкбанк!

Повеќе трансакции, повеќе бонус поени. Дозволете си новогодишни уживања какви што секој заслужува!

Со почит,
Ваша Халкбанк АД Скопје 


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.