27.04.2020

Известување

Почитувани пензионери, 

Ве повикуваме во Ваш интерес и за Ваша поголема заштита, користењето на априлската пензија да ја извршите преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.  

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа: 

  • за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;
  • за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;
  • за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и
  • за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.

На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни казартички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери кои ќе работат, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, ќе бидат ангажирани лица за одржување на редот, се’ во насока за зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите 

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 15:30


Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.