10.02.2020

ХалкЕко активација

На 07.02.2020, во соработка со Македонски шуми, Халкбанк спроведе акција за садење 6.000 дрвја на падините околу велешкото езеро Младост.

Оваа локација минатата година беше зафатена со катастрофалниот пожар којшто уништи огромна површина боровa шумa.

Дрвјата кои банката ги обезбеди и кои треба да помогнат за обнова на изгорените површини и повторно зазеленување на оваа туристичка локација, се резултат на кампањата HalkEco што започна минатата година и има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.