Како да Учествувам?

Во Наградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на MasterCard дебитни и/или кредитни платежни картички за физички лица:Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard; Mastercard Contactless и Mastercard World издадени од Халкбанк АД Скопјe.

Со секоја поединечна трансакција со Mastercard кредитна картичка издаденa од ХАЛКБАНК АД Скопje  на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали се добива една шанса за учество во наградната игра, додека со секоја поединечна трансакција преку HalkPay мобилната апликација и GarminPay опцијата за бесконтактно плаќање со дигитализирана Mastercard кредитна или дебитна картичка се добива тројна шанса за учество во наградната игра.

Клиентите на Банката кои ги исполнуваат горенаведените условипотребно е  да пополнат изјава за согласност за учество во наградната игра на официјалната WEB страна на ХАЛКБАНК А.Д Скопје www.halkbank.mk, а таа изјава ќе се смета како потврда за учество во наградната игра и согласност за обработка на личните податоци за целите на наградната игра.

За успешно учество во Наградната игра, потребно е учесниците на денот на завршувањето  на наградната игра да немаат повеќе од 90 дена достасани, неподмирени обврски кон ХАЛКБАНК АД Скопје. Доколку биде извлечен добитник со повеќе од 90 дена неподмирени достасани обврски кон ХАЛКБАНК АД Скопје, истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со резервен добитник кој во целост ги исполнува правилата на Наградната игра.

 

Мобилна апликација HALKPay

HalkPay е мобилна апликација на Халкбанк која овозможува брзо, лесно и безбедно плаќање преку мобилен уред со оперативен систем ,,Андроид‘‘. Истата е достапна за користење од страна на сите клиенти на Халкбанк кои имаат Mastercard  платежна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје

На следниот линк детали и упатство за користење  на мобилната апликација HALKPay

 

GarminPay функционалност за плаќање со користење на Garmin часовник

Поддржана од iOS и Android оперативните системи, GarminPay е модерно решение за бесконтакно плаќање, преку едноставно дигитализирање на платежните картички и приближување на Garmin часовниот до уредот за плаќање.

  

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

Освојувај награди со MasterCard! (pdf)

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.