Најчесто поставувани прашања

КОЈ ИМА ПРАВО ЗА ДА УЧЕСТВУВА ВО НАГРАДНАТА ИГРА "Освојувај награди со MasterCard!"?

Право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на MasterCard дебитни и/или кредитни платежни картички за физички лица (Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard; Mastercard Contactless; Mastercard World) издадени од Халкбанк АД Скопје, со кои имаат направена валидна трансакција со кредитна картичка, и/или валидна трансакција со мобилната апликација HALKPay и/или GarminPay за кредитните и дебитните картички.

 

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА "Освојувај награди со MasterCard!"?

Клиентот кој е согласен да учествува во наградната игра треба да ги исполнува горенаведените услови и задолжително да пополни Изјава за согласност за учество во наградната игра.

  

КОИ ТРАНСАКЦИИ СЕ ВАЛИДНИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНА ИГРА "Освојувај награди со MasterCard!"?

Во Наградната игра се валидни трансакциите направени од страна на корисникот со употреба на Mastercard кредитни картички, издадени од Халкбанк АД Скопје, кои имаат  направена валидна трансакција на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали и/или корисници на Mastercardкредитните и дебитните картички кои имаат валидни трансакции со HalkPay мобилната апликација и трансакции направени со Garmin Pay функционалноста, достапна за Garmin часовник.

  

КОИ СЕ ПРАВИЛАТА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА "Освојувај награди со MasterCard!"?

На следниот линк клиентот може да ги прочита правилата за наградната игра "Освојувај награди со MasterCard!".

  

ДО КОГА ТРАЕ НАГРАДНАТА ИГРА "Освојувај награди со MasterCard!"?

Наградната игра ќе започне на 01.11.2021 и ќе трае до 28.02.2022 година.

Во месечно извлекување на 03.12.2021 година ќе бидат земени трансакциите направени во период од 01.11.2021 од 00:00 часот до 23:59 часот на 30.11.2021година.

Во месечно извлекување на 12.01.2022 година ќе бидат земени трансакциите направени во период од  01.12.2021 од 00:00 часот до 23:59 часот на  31.12.2021 година.

Во месечно извлекување на 02.02.2022 година ќе бидат земени трансакциите направени во период од 01.01.2022 од 00:00 часот до 23:59 часот на  31.01.2022 година.

Во главното извлекување на 09.03.2022 ќе бидат земени сите трансакции направени од почетокот на наградната игра во период од  01.11.2021 од 00:00 часот до 23:59 часот до крајот на наградната игра на  28.02.2022 година.

 

КОЛКУ НАГРАДИ МОЖЕ ДА ОСВОИ ЕДЕН УЧЕСНИК ВО НАГРАДНАТА ИГРА "Освојувај награди со MasterCard!"?

Еден учесник во наградната игра има право да биде извлечен само за една награда од вкупниот број на награди во текот на  месечните извлекувања, додека сите учесници од почетокот до крајот на наградната игра, односно во целиот период на траење на наградната игра, без разлика дали освоиле награда или не, ќе учествуваат во големото извлекување и ќе имаат можност да освојат некоја од наградите од тоа извлекување.

 

КОГА ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ДОБИТНИЦИТЕ И НАЧИНОТ НА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ВО НАГРАДНАТА ИГРА "Освојувај награди со MasterCard!"?

Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавувани на официјалната интернет страница на Халкбанк А.Д. Скопје, www.halkbank.mk, најдоцна во рок од три дена од денот на завршување на извлекувањата.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.