Карактеристики

Карактеристики

КУПУВАЈ ВО ЛЕТ!

 Со користењето на кредитната картичка Visa PayWave уживате во бесконтактното плаќање на рати и во користењето одобрен револвинг кредитен лимит со пристап 24/7.

Кредитна картичка со фиксна каматна стапка 7,7% наменета е за сите клиенти со редовни месечни приливи по основ на плата/пензија.

Кредитната картичка овозможува безготовински плаќања на трговската мрежа и подигнување готовина од банка или од банкомат. Картичката е меѓународна, поддржува интернет-плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет-страници, а за нив добивате е-порака за секоја направена трансакција.

Со Visa PayWave плаќате на 2, 3, 6, 12 и 24 рати во зависност од износот на трансакцијата направена на ПОС-терминали, интернет, АТМ на Халкбанк АД Скопје и во сите други банки во земјата и во странство. Плаќањето на рати не е избор на клиентот и трговецот, туку е автоматски зависно од износот на трансакцијата на која се пресметува камата, без грејс период.

Кредитната картичка Visa PayWave го поседува највисокиот стандард за безбедност при интернет-плаќања (3D Secure-Verified by Visa-VbV).

Може да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје или онлајн преку нашата Апликација.

За да бидете информирани за секоја ваша трансакција преку СМС-инфо, ве молиме пополнете ја и пратете ја апликацијата за СМС-инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или доставете ја на адресата на е-пошта: help24@halkbank.mk.


Предности

Предности

Првата кредитна картичка издадена од Халкбанк АД Скопје што овозможува плаќање на рати во зависност од износот на трансакцијата.

  •  Visa PayWave Credit овозможува плаќање на 2, 3, 6, 12 и 24 рати во зависност од износот на трансакцијата направена на ПОС-терминали, интернет и АТМ на Халкбанк АД Скопје и во сите други банки во земјата и во странство.
  •  Фиксна каматна стапка 7,7%
  •  Плаќањето на рати не е избор на клиентот и трговецот, туку е автоматски зависно од износот на трансакцијата на која се пресметува камата:
Износ на трансакцијаБрој на рати
До 1.500,00 МКД
Нема рати
1.500,00 ‒ 3.000,00 МКД
2 рати
3.001,00 ‒ 6.000,00 МКД
3 рати
6.001,00 ‒ 12.000,00 МКД
6 рати
12.001,00 ‒ 24.000,00 МКД
12 рати
Над 24.001,00 МКД
24 рати
  • Можност за кредитен лимит до 5 плати – максимален износ 200.000,00 МКД.
  • ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот на Банката или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот што прифаќа бесконтактни картички.
  • Важност на картичката: 3 години со можност за автоматско реиздавање.
  • Отплата: Месечниот минимален достасан износ, кој корисникот на основната кредитна картичка е должен да ѝ го плати на Банката, изнесува 100% од износот на достасаната месечна рата од одложено плаќање, 100% од сите пресметани надоместоци и провизии што произлегуваат од направените трансакции и 100% од износот на пресметаната редовна и казнена камата.

Провизии

Провизии

  Каматна стапка
Фиксна каматна стапка 7,7% 
1Надоместок за изработка на основна картичка
100,00 МКД
2Надоместок за изработка на дополнителна картичка
100,00 МКД
3Надоместок за реиздавање основна/дополнителна картичка
100,00 МКД
4Надоместок за реиздавање основна/дополнителна картичка пред истекот на рокот (уништена/изгубена)
300,00 МКД
5Надоместок за итна изработка на картичка 
600,00 МКД
6Надоместок за неоснована рекламација 
600,00 МКД
7Подигнување готовина на банкомати на Халкбанк
2,50 % мин. 150,00 МКД
8Подигнување готовина на банкомати на други банки
3,0% мин. 200,00 МКД
9Подигнување готовина на шалтерите на Банката
3,0% мин. 200,00 МКД
10Подигнување готовина на шалтерите на други банки
3,0% мин. 200,00 МКД
11Годишна членарина на основна картичка
Бесплатна за првата година, 1.200,00 МКД за наредните години
12Годишна членарина на дополнителна картичка
Бесплатна за првата година, 600,00 МКД за наредните години
13Скалеста членарина


За направен годишен промет од мин. 90.000,00 МКД
Без членарина

За направен годишен промет од мин. 60.000,00 МКД
600,00 МКД

За направен промет од мин. 30.000,00 МКД
800,00 МКД
14Надоместок за издавање фактура
Без надоместок
15Надоместок за опомена
100,00 МКД
16Блокирање картичка по барање на клиент преку „help 24“, преку е-пошта или писмено
Без надоместок
17Деблокирање картичка по барање на клиент преку „help 24“, преку е-пошта или писмено
200,00 МКД
18Зголемување кредитен лимит
300,00 МКД
19Сетирање пин
Без надоместок
20Промена на пин на шалтер
50,00 МКД
21Износ на кредитен лимит
Врз основа на кредитни политики

Прашања

Прашања

КАКО МОЖЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА КРЕДИТНА КАРТИЧКА?

Потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје каде што ќе мора да се процени вашата кредитоспособност и ќе може да ја подигнете потребната документација за аплицирање или преку онлајн апликацијата.


ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                                                                                                                          

- Апликација за кредитна картичка пополнета од корисникот и од работодавачот.

- Извод од трансакциска сметка за последните три месеци како потврда за месечни приходи/приливи.

- Копија од лична карта.

- Траен налог.

- За приватни институции дополнително потребно е: М1/М2 образец заверен од работодавачот.

ДО КОЈ ИЗНОС МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ БЕСКОНТАКТНА ТРАНСАКЦИЈА?

ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции лимитирани до 750,00 МКД или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот што прифаќа бесконтактни картички.

НА КОЛКУ РАТИ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌА СО КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА VISA PAYWAVE?

Visa PayWave Credit овозможува плаќање на 2, 3, 6, 12 и 24 рати во зависност од износот на трансакцијата направена на ПОС-терминали, интернет и АТМ на Халкбанк АД Скопје и во сите други банки во земјата и во странство.

Плаќањето на рати не е избор на клиентот и трговецот, туку е автоматски зависно од износот на трансакцијата на која се пресметува камата:

Износ на трансакција
Број на рати
До 1.500,00 МКД
Нема рати
1.500,00 ‒ 3.000,00 МКД
2 рати
3.001,00 ‒ 6.000,00 МКД
3 рати
6.001,00 ‒ 12.000,00 МКД
6 рати
12.001,00 ‒ 24.000,00 МКД
12 рати
Над 24.001,00 МКД
24 рати


КАКО МОЖЕ ДА ПЛАЌАТЕ ДОЛГ ПО КРЕДИТНА КАРТИЧКА (АВТОМАТСКИ)?

Доколку сте примател на плата преку Халкбанк АД, може да потпишете траен налог со кој автоматски секој месец ќе ви се одземаат средства од вашата сметка за подмирување на долгот по кредитната картичка, а со тоа заштедувате време. Минималниот износ на долг потребно е да се плати до 10-ти во месецот.

*МЕСЕЧЕН МИНИМАЛЕН ИЗНОС ЗА ОТПЛАТА

Месечниот минимален достасан износ, кој корисникот на основната кредитна картичка е должен да ѝ го плати на Банката, изнесува 100% од износот на достасаната месечна рата од одложено плаќање, 100% од сите пресметани надоместоци и провизии што произлегуваат од направените трансакции и 100% од износот на пресметаната редовна и казнена камата.

КОЛКУ ДОЛГО ТРАЕ ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НОВА КАРТИЧКА?

Кога ќе се одобри барањето, процедурата одзема 2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата за која корисникот се одлучил да ја подигне, а за тоа ќе биде известен преку СМС-порака.

КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ФАКТУРА ЗА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА ПРЕКУ Е-ПОШТА?

Потребно е само да ги известите вработените во филијалата/експозитурата за адресата на е-пошта на која сакате да добивате фактури за да се ажурира податокот и за да се доставува фактура секој месец на наведената адреса.


Аплицирај

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.