Карактеристики

Бидете во постојан контакт со вашите средства и имајте лесен пристап до нив 24/7.

Oвозможува користење на средства кои Ви се расположливи на  трансакциската сметка како и одобрениот дозволен минус на истата.  Со Visa Electron дебитните картички секогаш располагате со  вашите средства на безбеден начин. Наменета е за безготовински плаќања на трговската мрежа и подигање на готовина од банка или банкомат. Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни  и за истите добивате е-маил известување за секоја направена трансакција.

Картичките издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Mожете веднаш да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк АД Скопје преку пополнување на апликација.

Користењето на картичката е без провизија за плаќање во трговската мрежа и без провизија за подигање на готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.

За подигање готовина од банкомат и вршење трансакција на ПОС терминал задолжително се користи ПИН-кодот кој го внесувате сами при подигање на картичката.

Пин-кодот на Вашата VISA Electron дебитна картичка може да си го промените сами на банкоматите на Халкбанк АД Скопје.

Доколку би сакале да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС порака, Ве молиме пополнете и испратете ја Апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк АД  Скопје.

Предности

Едноставно и флексибилно безготовинско плаќање во трговска мрежа.

Користење на сите  банкомати со логото на  Visa ,  Интернет плаќања , Контрола и прегледност на Вашите трошоци и трансакции.

Mожете веднаш да аплицирате во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје преку пополнување на апликација.

Доколку би сакале да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС порака, Ве молиме пополнете и испратете ја Апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје.

Провизии

Visa Electron
Подигање на готовина од банкомати на Халкбанк АД Без провизија
Печатење на извештај на банкомат од Халкбанк АД Без провизија
Подигање на готовина на други банкомати 2% или мин.120 МКД
Надомест за изготвување на дебитна картичка Без провизија
Надомест за изготвување на дополнителна дебитна картичка Без провизија
Реиздавање поради оштетена дебитна картичка (реиздавање на дебитна картичка и PIN) 300,00 MKD
Подигање на готовина од шалтерите на Банката Без провизија
Подигање на готовина од шалтерите на други Банки 2% или мин.120 МКД
Надомест за Блокирање на картичка Без провизија
Надомест за деблокирање на картичка 60,00 MKD
Надомест за неоснована рекламација 600,00 MKD

Често поставувани прашања

Како може да се аплицира за Mastercard Debit ?

Може да аплицирате преку онлине апликацијата или да ја посетите најблиската филијала/експозитува на Халкбанк АД Скопје.

Во што се состои разликата меѓу дебитна и кредитна картичка? 

Дебитната картичка е поврзана со Вашата трансакциска сметка.  Притоа,  овозможува користење на  расположливите средства на  трансакциската сметка вклучувајќи го и одобрениот дозволен минус. Револвинг кредитната картичка  е всушност одобрен кредит кој е автоматски обновлив а кој Банката го одобрува на подносителот на барањето за издавање на кредитна картичка.За искористениот износ расположливиот кредитен лимит се намалува, додека по уплатата на искористениот износ истиот повторно е расположлив за користење на корисникот на кредитната картичка.

Потребна документација за аплицирање за дебитна картичка?

Пополнета апликација за дебитна картичка и копија од лична карта.

Колку долго трае процедурата за издавање на картичка?  

Процедурата  одзема  2 работни дена за картичката да биде доставена до филијалата од каде  корисникот се одлучил да ја подигне картичката  и за истото ќе биде известен преку СМС порака.

Како да направам бесконтактна трансакција?

Mastercard Debit платежната картичка Ви овозможува да извршите бесконтактна трансакција со само доближување на картичката до ПОС терминалот кој има можност за извршување на бесконтактни трансакции.

ПИН авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката ( 750,00 мкд ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички. Над износот од 750,00 мкд или над лимитот поставен на терминалот  за успешно извршување на трансакцијата клиентот потребно е да го внесе ПИН кодот кој го сетирал на платежната картичка.

Што значи дозволен минус и како може да се добие?

Дозволен минус подразбира кредитен лимит на трансакциската сметка кој Ви е на располагање за трошење. За да аплицирате за дозволен минус, потребно е да ја посетите најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје каде ќе мора да се  изврши проверка на Вашата кредитоспособност и ќе можете да ја подигнете потребната документација за аплицирање.

Аплицирај

Биди информиран за

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

Кажи ја Твојата потреба!

Биди информиран за

ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ

Штеди
За твоите деца

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.