05.01.2017

Заемот на GGF од 10 милиони Евра го зајакнува потенцијалот на Халк Банка за финансирање на енергетската ефикасност

  • Заемот на GGF бележи шест години соработка со Халк Банка
  • Мерките за енергетска ефикасност финансирани со заемот на GGF се наменети за годишна заштеда на енергија од скоро 50.000 MWh и намалување на емисијата на CO2 од околу 15.000 метрички тони.

Луксембург и Скопје, 05.01.2016 – Green for Growth Fund (GGF) и одобри заем од 10 милиони евра на Халк Банка наменет за зголемување на енергетската ефикасност (ЕЕ) во Македонија. Заемот е трет по ред кој Фондот и го одобрува на Халк Банка Скопје од 2010 година, кога Заемодавачот стана првата земја која понуди продукти за финансирање на ЕЕ. Последнава инвестиција ја зацврстува оваа успешна, долгорочна соработка и го отсликува докажаниот стремеж на Халк Банка за промовирање на намалувањето на енергетската потрошувачка во Македонија.

Заемот на GGF ќе и овозможи на Халк Банка да ги зголеми опфатот и количината на Еко – кредитни производи, кои можат да се користат за финансирање на мерки за ЕЕ во македонските компании, за замена на застарена земјоделска опрема на фармите и за опремување на домовите со технологии за пониска потрошувачка на енергија. Освен тоа, последниов заем вклучува техничка помош од GGF кој ќе ги поддржи продажните и промотивните активности на Халк Банка, како и создавањето на дополнителни кредитни продукти за ЕЕ.

Претседавачот на GGF, Christopher Knowles, вели: “GGF и обезбеди поддршка на Халк Банка во поглед на првите заеми за енергетска ефикасност во 2010 година и нашето континуирано партнерство им овозможи на илјадници Македонци да ја намалат нивната потрошувачка на енергија, што претставува една од основните цели на Фондот.”

Турхан Адеми В.Д. Главен извршен директор на Халк Банка АД Скопје, вели: “Кредитите се наменети за енергетски ефикасни проекти, поддршка на проекти со кои се овозможува користење на помалку енергија, без да се намали квалитетот на живеење. Кредитите за енергетска ефикасност ќе помогнат на нашите клиенти да остварат значителна заштеда на примарната потрошувачка на енергија. "

ЗА GGF

Green for Growth Fund инвестира во мерки наменети за намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на CO2 со најмалку 20%, на 19 пазари низ Југоисточна Европа, Кавказ, Украина, Молдавија, Средниот Исток и Северна Африка. Фондот им обезбедува финансии на локалните партнери кои понатаму ги позајмуваат истите на претпријатијата и приватните домаќинства и инвестира директно, првенствено преку придонес во основниот долг, во проекти за обновлива енергија. Кредитната линија на GGF за техничка помош го зголемува влијанието на Фондот преку поддршка во градење на капацитети во локалните финансиски институции и партнерите.

GGF е основано како јавно – приватно партнерство во декември 2009 година од Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, со финансиска поддршка од Европската комисија, Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, Европската банка за обнова и развој и Австриската развојна банка OeEB. Растечката база на инвеститори на Фондот вклучува донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и институционални приватни инвеститори, меѓу кои и Меѓународната финансиска корпорација, Холандската развојна банка FMO, Германската етичка банка GLS, Црквата на Шведска. GGF е управуван од страна на Oppenheim Asset Management Services S.àr.l., Луксембург, со совети од Finance in Motion GmbH. MACS Management & Consulting Services GmbH, Франкфурт на Мајна има улога на технички советник. За повеќе информации за Green for Growth Fund, Ве молиме посетете ја страницата: http://www.ggf.lu

За Халкбанк

Халкбанк АД Скопје (Халкбанк) поставува повисоки стандарди за брзи и квалитетни финансиски услуги на македонскиот пазар преку имплементација на иновативни процеси во своето деловно работење. Со 36 филијали во Македонија, кореспондентни врски со преку 400 банки и сметки во 13 странски банки, Халкбанк има широка национална и меѓународна мрежа.

Халкбанк, која според стандардите на НБРМ е голема банка, ужива репутација како доверлива банка, ориентирана кон клиентите, и иновативна и динамична банка на македонскиот пазар. Халкбанк е исто така општествено и еколошки одговорна институција и од своите почетоци во Македонија непрекинато го поддржува развојот и заштитата на животната средина, развојот на многу социјални сегменти, како и спортот и културата. Во поглед на обезбедувањето средства за долгорочно кредитирање, Банката има воспоставено долгорочни партнерства со меѓународните финансиски институции, што резултира со придонес кон развојот на македонската економија во целина.

Во 2015 година Халкбанк покажа континуитет во поддршката на реалниот сектор и економијата, запазувајќи го високото ниво на квалитет на понудените услуги. Кредитното портфолио на Халкбанк бележи зголемување од 275,7 милиони евра на 335,5 милиони евра или раст од 21%. На пазарот на кредитирање се бележи нето зголемување од 392 милиони евра, на кој Халкбанк има водечки удел од 15,2% од вкупните одобрени или исплатени заеми со дополнителни 59,8 милиони евра на македонски компании и населението. За повеќе информации посетете ја страницата: http://www.halkbank.com.mk

Контакт со ГГФ за медиумите
Ерик Кулп Службено лице за односи со медиумите
Телефон: +49 (0)69/271 035-307
E-пошта: press@ggf.lu

Контакт на Халкбанк за медиумите
Оддел за односи со јавноста
Тел: +389 (0)2 3250 926
Е-пошта: pr@halkbank.mk

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.