11.03.2020

Важни Се Луѓето, a најважно е нивното здравје!

Во време на преземање мерки за заштита на општото здравје на луѓето, Халкбанк ги повикува своите клиенти што е можно повеќе да се насочат кон дигиталните канали за комуникација и за банкарски услуги.

Нашата платформа за електронско и мобилно банкарство ќе ја исполни функцијата на банкарско опслужување, од кое било место и во кое било време без посета на банката. Филијалите и експозитурите се во полна функција, но во интерес на здравјето на сите, и Халкбанк препорачува што е можно помало движење и директен контакт во филијалите на банката.

За сите прашања, консултации и апликации поврзани за одредени производи, Ве охрабруваме да се обратите и преку телефонските контакти и и-мејл адреси истакнати за филијалите на нашата веб страна: https://www.halkbank.mk/filijali.nspx  како и преку мејлот: marketingho@halkbank.mk.

Дополнително за асистенција во однос на Вашето електронско банкарство, картички и итна потреба, во функција е хелп дескот 24/7 со телефонски контакт  02/ 32 96 330 и електронска пошта: help24@halkbank.mk.



Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.