18.05.2016

Свечено отварање на филијата на Халкбанк АД Скопје во Радовиш

На 17 мај 2016, Халкбанк АД Скопје свечено ја отвори својата нова филијала во Радовиш, ширејќи ја и понатаму својата мрежа на филијали во земјата преку отварање на нови и модерни филијали.

Досега мрежата на филијали на Халкбанк брои 34 филијали , вклучувајќи ја и новата филијала во Радовиш. Сите филијали на Банката се комплетно опремени за да одговори на потребите на граѓаните и на бизнисите на квалитетен и конзистентен начин.

Свеченоста по повод отварањето на филијалата во Радовиш започна во 13 часот во присуство на многумина истакнати гости, меѓу кои беа и Главниот Трговски Советник во Амбасадата на Р.Турција во Македонија, г-дин Бунјамин Кутлу, градоначалникот на Општина Радовиш, г-дин Сашко Николов и г-динот Фуркан Чако, министер во Владата на Р. Македонија, како и голем број претставници на бизнис заедницата во земјата и клиенти на Халкбанк АД Скопје.

Главниот Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје, г-динот Неџдет Палакчи ја отвори свеченоста и им се обрати на присутните гости , заблагодарувајќи им се за нивното присуство и поддршката за растот на Банката.

По неговиот говор, г-дин Бунјамин Кутлу и г-динот Сашко Николов исто така одржаа краток говор пред присутните гости, по што следеше и свеченото сечење на црвената лента, со што се означи официјалното отварање на филијалата во центарот на Радовиш.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.