15.09.2016

Свечено отварање на филијалата на Халкбанка АД Скопје во Дебар

Во насока на продолжување на трендот на проширување на својата мрежа на филијали, правејќи ги своите услуги достапни за граѓаните и бизнисите од сите делови на Република Македонија, Халк Банка АД Скопје на  06 септември 2016 година свечено ја отвори својата филијала во Дебар, со што ја достигна бројката од 35 филијали во Република Македонија.

Во моментот мрежата на филијали на Халк Банка АД Скопје брои 35 филијали, од кои 16 во Скопје, а останатите распространети во 19 градови низ Републиката. Со отворањето на нови модерни филијали и реновирање на постоечките филијали, Халк Банка АД Скопје континуирано се посветува на подобрување на квалитетот на  услугите, со цел задоволување на потребите на граѓаните и на бизнисите на квалитетен и конзистентен начин.

Свеченоста по повод отварањето на филијалата во Дебар започна во 13 часот во присуство на голем број истакнати гости, меѓу кои беа и Градоначалникот на општина Дебар, г-дин Ружди Љата и г-дин Мукрем Мехмеди, Градоначалник на општина Маврово и Ростуша, како и голем број претставници на бизнис заедницата во земјата  и клиенти на Халк Банка АД Скопје.

ВД Главниот Извршен  Директор на Халк Банка АД Скопје, г-динот Турхан Адеми ја отвори свеченоста и им се обрати на присутните гости , заблагодарувајќи им се за нивното присуство и поддршката за растот на Банката. Тој ги истакна најголемите достигнувања на Банката за 2015 година и истовремено го истакна иновативниот пристап на услугите на Банката, за што говори и воведувањето на првата мобилна апликација за правни лица во банкарскиот сектор на Република Македонија, како и воведувањето на апликацијата за физички лица, со овозможување на полесен пристап до банкарските услуги за сите клиенти.

По неговиот говор,  Градоначалникот на општина Дебар, г-дин Ружди Љата,  исто така одржа краток говор пред присутните гости, по што следеше и свеченото сечење на црвената лента. На тој начин беше означено официјалното отварање на филијалата во центарот на Дебар.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.