28.09.2015

Нов e-banking

Чест ни е да ви ја претставиме новата платформа за електронско банкарство на Халкбанк. Платформа создадена токму за вас, нашите ценети клиенти, сè со цел да ви овозможи полесно и подобро користење на e-banking услугата.

Овој уникатен сервис ги комбинира најдоброто од технологијата и најсовремените банкарски трендови, со што ви овозможува со само неколку клика да ги добиете сите потребни банкарски услуги. Веќе нема потреба од чекање во редици или внимавање на работните часови. Вие сега можете, во било кое време и од било кое место, да пристапите до вашите сметки и да ги извршите сите потребни трансакции, без разлика дали сте физичко или правно лице.

Ако сте веќе постоечки клиент (физичко лице) на Халкбанк, Ве повикуваме во најблиската филијала да ги обновите своите лични податоци и подигнете вашиот ЛИБ (Личен идентификационен број) и на тој начин лесно да се префрлите на новиот систем и да ги искусите неговите бројни предности.

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.