24.03.2020

Известување

Драги клиенти,

Со цел да одговориме на мерките за ограничување и заштита a согласно препораките за помало движење во филијалите, Вашата Халкбанк овозможува порана исплата на Вашите пензии.

На 25.03 (среда) парите ќе Ви бидат на сметка и истите ќе може слободно да ги користите при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

Ве повикуваме, во Ваш интерес и за Ваша поголема заштита, овој период да се насочите кон плаќања преку Вашите картички и електронско банкарство, и кон што е можно помала употреба на готовина и посета на филијали на банката.

Ваша,
Халкбанк

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.