12.03.2018

Халкбанк со уште една филијала во тетово

Драги клиенти,

Со цел да ви овозможиме поголема достапност и поефикасна услуга, од 12.03.2018  започнавме со работа и во втората по ред филијала во Тетово.

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје (штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA и MasterCard платежни картички ), ќе се презентираат сите новини кои Банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.

Втората филијала во Тетово се наоѓа на Ул.”Вонвардарска“ бр.1, 1200 Тетово, Р. Македонија

Работно време: 08.30-16.30

Со почит,
Халкбанк А.Д. Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.