05.03.2018

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ ВОВЕДЕ НОВА ДЕБИТНА КАРТИЧКА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Купувај во лет со новата дебитна картичка

Почитувани Клиенти,

Со задоволство Ве информираме за воведување на првата бесконтактна Visa картичка наменета за физички лица, со која Халкбанк ја прошири палетата на картични производи, постојано обезбедувајќи дополнителни предности за своите клиенти.

Visa PayWave Electron е меѓународна картичка наменета за безготовински трансакции на сите ПОС терминали кои имаат означено лого на Visa и за подигнување на готовина на банкоматите во земјата и во странство.

Корисниците може да уживаат во користење на картичката на ПОС терминалите, со брзо и лесно бесконтактно плаќање , без употреба на ПИН  на сите продажни места каде го има знакот за бесконтактно плаќање.

Картичката ги поседува највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата 3D Secure-Verified by Visa.

Уживајте во лесно и безбедно купување со Visa PayWave Electron на Халкбанк!

 Со почит,
Халкбанк АД Скопје

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.