28.06.2017

Халкбанк АД Скопје ‒ партнер на ракометниот камп „Кире Лазаров 7“

Халкбанк АД Скопје, како општествено одговорна компанија што се грижи за правилен развој на младата генерација, а забележувајќи ја посветеноста на Лазаров во создавањето нови ракометари, оваа година по вторпат го поддржи овој многу важен проект за македонскиот спорт. 

Како Банка што покажува голем интерес за развојот на спортот во земјата, повторно го даде својот придонес во насока на развој на спортот и поттикнување на здравите навики кај граѓаните уште од најрана возраст.

Кампот, како и претходната, така и оваа година се одржува во хотелот „Аквалина“ во Охрид, во две смени, и тоа од 20 јуни до 2 јули, и во него учество земаа околу 300 деца од земјата, но и од десетина други земји од регионот и пошироко, на возраст од 10 до 18 години.

Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, кој е предводен од самиот Кирил Лазаров, е место каде што децата имаат можност да бидат подучувани и тренирани од страна на најдобрите македонски тренери и ракометари, како и тренери од Данска, Романија, Црна Гора. Тоа е место каде што децата имаат шанса да другаруваат, а истовремено да се здобијат со спортски совети и техники од најискусните, но и да стекнат здрави навики што ќе бидат од огромно значење за нивниот понатамошен развој како спортисти.

На сите дечиња им посакуваме пријатен престој и многу другарување на овогодишниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

Ваша,

Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.