22.12.2016

ЕФСЕ го зајакнува партнерството со Халкбанк со заеми во вкупен износ од 15 милиони евра 

Инвестицијата на ЕФСЕ ќе финансира проекти за домување и микро и мали претпријатија  

Франкфурт и Скопје, 22 декември 2016 год. Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) ѝ додели заем на Халкбанк АД Скопје во висина од 15 милиони евра за поддршка на приватниот сектор за домување и за поддршка на микро и малите претпријатија (ММП).  

Приоритетните заеми – 10 милиони евра за проекти за домување и 5 милиони евра за претпријатијата – ја зголемуваат способноста на Халкбанк за финансирање на проектите за домување и реновирање на домовите за физички лица и обезбедување долгорочни заеми за ММП. Халкбанк и ЕФСЕ се партнери од 2006 година и Фондот континуирано нуди финансиски средства за кредитирање на домаќинствата и микро и малите претпријатија во Македонија, поддржувајќи ја стратешката ориентација на Халкбанк кон овие сегменти на пазарот.

Претседателот на Управниот одбор на ЕФСЕ, г-дин Кристоф Тискенс рече: „Овие заеми се последните во долгата линија на инвестиции, што го нагласуваат силното партнерство на ЕФСЕ со Халкбанк. Ние соработуваме една деценија и посветеноста на двата партнери, на приватните домаќинства и малите претпријатија продолжува со исто темпо.“

„Овие заеми се во согласност со мисијата на Халкбанк за обезбедување банкарски услуги со кои ќе се поддржи долгорочниот и одржлив развој на приватниот сектор со проекти за реновирање на домовите, прилагодени на пазарот на население во Република Македонија. Соработката со ЕФСЕ има значајно и големо влијание особено во развојот на нашите клиенти во доменот на микро и мали претпријатија и поддршката на секторот за работа со население во Република Македонија. Со овие заеми банката продолжува со својата мисија за промовирање на економскиот развој и благосостојбата на граѓаните во регионот“ – рече г-дин Турхан Адеми, в.д. Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

За Европскиот фонд за Југоисточна Европа  

Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) беше формиран од Банката за развој KfW со финансиска поддршка од германското федерално Министерство за економска соработка и развој  (BMZ) и Европската комисија. Тој има за цел да го поттикне економскиот развој и благосостојбата во Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Македонија, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Украина и Турција. Бидејќи пристапот до финансиски средства е клучен фактор за успех во развојот на микро, малите и средните претпријатија, ЕФСЕ се фокусира на помагање на локалните финансиски сектори во зајакнувањето на нивната способност за обезбедување соодветно и одржливо финансирање. Финансиските средства што ЕФСЕ ги обезбедува како долгорочно финансирање примарно на микро и мали претпријатија (ММП), но и за приватните домаќинства во форма на заеми за реновирање на домот, се канализираат до овие клиенти преку локални партнерски кредитни институции. Инвестиционите активности на ЕФСЕ се спроведуваат преку Програмата за развој на ЕФСЕ, која на партнерските кредитни институции им обезбедува техничка помош, консултантски услуги и обуки за градење на оперативните капацитети и професионално управување.

Основан од страна на Банката за развој KfW на 15 декември 2005 година од четири мултидонаторски програми под свое раководство, ЕФСЕ е првото јавно-приватно партнерство од ваков вид и првиот приватно управуван фонд за финансирање на развојот за зголемување на приватното финансирање на ММП во целниот регион. Капиталот го обезбедуваат донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и приватни институционални инвеститори, вклучувајќи го и германското федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ), Европската Комисија (ЕК), Владата на Албанија, Кредитната поддршка за мали и средни претпријатија (SMBCS), подружница на Централната банка на Ерменија, Банката за развој на Австрија (Oesterreichische Entwicklungsbank - OeEB), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Данската меѓународна агенција за развој (Danida), KfW како водечки инвеститор, Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Холандската компанија за финансии (FMO), Европската банка за обнова и развој (EBRD), Европската инвестициска банка (EIB), Сал. Опенхајм (Sal. Oppenheim) и Дојче Банк (Deutsche Bank).

Oppenheim Asset Management Services S.àr.l., Luxembourg е менаџер на фондот на ЕФСЕ, додека Finance in Motion GmbH, Germany е советник.

За повеќе информации за Европскиот фонд за Југоисточна Европа посетете ја страницата  http://www.efse.lu/

За Халкбанк

Халкбанк АД Скопје (Халкбанк) поставува повисоки стандарди за брзи и квалитетни финансиски услуги на македонскиот пазар преку имплементација на иновативни процеси во своето деловно работење. Со 36 филијали во Македонија, кореспондентни врски со преку 400 банки и сметки во 13 странски банки, Халкбанк има широка национална и меѓународна мрежа.  

Халкбанк, која според стандардите на НБРМ е голема банка, ужива репутација како доверлива банка, ориентирана кон клиентите, и иновативна и динамична банка на македонскиот пазар.  

Халкбанк е исто така општествено и еколошки одговорна институција и од своите почетоци во Македонија непрекинато го поддржува развојот и заштитата на животната средина, развојот на многу социјални сегменти, како и спортот и културата. Во поглед на обезбедувањето средства за долгорочно кредитирање, Банката има воспоставено долгорочни партнерства со меѓународните финансиски институции, што резултира со придонес кон развојот на македонската економија во целина.

Во 2015 година Халкбанк покажа континуитет во поддршката на реалниот сектор и економијата, запазувајќи го високото ниво на квалитет на понудените услуги. Кредитното портфолио на Халкбанк бележи зголемување од 275,7 милиони евра на 335,5 милиони евра или раст од 21%. На пазарот на кредитирање се бележи нето зголемување од 392 милиони евра, на кој Халкбанк има водечки удел од 15,2% од вкупните одобрени или исплатени заеми со дополнителни 59,8 милиони евра на македонски компании и населението.

За повеќе информации посетете ја страницата http://www.halkbank.com.mk.

Контакт со ЕФСЕ за медиумите

Ерик Кулп

Службено лице за односи со медиумите

Е-пошта: press@efse.lu

Тел: +49 (0)69 271 035-307

 Контакт на Халкбанк за медиумите

 Оддел за односи со јавноста

Е-пошта: pr@halkbank.mk   

Тел: +389 (0)2 3250 926

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.