БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ 24/7

Почитувани Клиенти,

Бидете информирани 24/7 за секоја Ваша трансакција преку СМС порака.

Со користење на СМС услугата која Ви е овозможена од Халкбанк АД, Скопје ќе добиете информација за секоја Ваша успешна или неуспешна трансакција со Вашата платежна картичка од Халкбанк АД, Скопје реализирана преку АТМ, ПОС терминал и интернет.

СМС Известувањето ги опфаќа : износот, местото и датумот на следните трансакции:

  • Подигање на готовина од банкомат,
  • Подигање на готовина од ПОС терминал на шалтери во Банките,
  • Трансакција на ПОС терминал,
  • Интернет трансакции,
  • Проверка на состојба на картичката на банкомат 
Искористете ги предностите
  • Заштита од злоупотреба Во случај на добивање на СМС известување за трансакција која не е направена од Ваша страна или од страна на имателите на дополнителни картички, веднаш блокирајте ја картичката на следниот телефон: 02/3296 330 (24/7) или на е-маил: Help24@halkbank.mk
  • Заштита од повеќратно извршување на иста трансакција на ПОС терминали
  • Проверка на износот од извршената трансакција
Доколку би сакале да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС порака, Ве молиме пополнете и испратете ја Апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје.

 

Ви Благодариме на довербата,

Ваша Халкбанк АД Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.