16.12.2016

3D Secure

Почитувани Клиенти,

Со задоволство Ве информираме дека Халкбанк АД Скопје на своите корисници на дебитни и кредитни картички од 07.12.2016 година им овозможи највисоко ниво на безбедност и заштита при  нивните интернет плаќања во земјата и странство.

Visa и MasterCard дебитните и кредитните картички издадени од Халкбанк АД Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code).

Со имплементирање на 3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code протоколот, на Вашиот мобилен телефон се испраќа СМС порака со еднократна лозинка (OTP) со која се врши валидација на интернет трансакциите.

За успешно да Ви биде доставена СМС пораката потребно е да гo имате ажурирано Вашиот мобилен телефон. Ажурирањето може да го направите во најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје или да се јавите во дежурниот контакт центар на телефонскиот број 02/3296-330

За повеќе информации прочитајте тука или контактирајте не на телефонскиот број 02/3296-330 или на е-mail: help24@halkbank.mk

Ваша,

Халкбанк АД, Скопје

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.