Општо

Халкбанк АД Скопје нуди кредит за физички лица кои се во редовен работен однос. Кредитот можете да го користите за купување на стан, како долгорочен ненаменски кредит како и да целосно рефинансирање на вашите изложености во други банки по секаков основ. Исто така со овој тип на кредит може да го користите за ликвидирање на целата кредитната изложеност на друго лице од вашата фамилија. За подетални информации обратете се во наблиската филијала на Хипотекарниот кредит на ХалкБанк АД.

Предности

Кредитот кој го нуди ХалкБанк АД е со најниска каматна стапка,  ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Услови за кредит

  • Износ: до 150.000 ЕУР
  • Рок: до 240 месеци
  • Каматна стапка: 7,60% +  6 месечен ЕУРИБОР , годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ 8,16 %).
  • Провизија за обработка на кредитот: 2% од износот
  • Надомест за предвремена отплата на кредит:
    За предвремена отплата на кредитот Банката пресметува и наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремно отплатениот износ, доколку отплатата се врши со рефинансирање со кредит од друга банка, односно 0% доколку отплатата се врши од сопствени средства. За секоја предвремена отплата корисникот е должен да ја извести Банката 7 (седум) дена пред датумот на уплатата
    Надоместот се наплатува доколку Корисникот на кредитот има воспоставено договор за хипотека од нареден приоритет, за времетраење на Договорот за кредит.
    Корисникот е должен да изврши уплата на овој надоместот веднаш по добивање на пресметката од Банката.
    Надлежните лица на Банката за ликвидирање на кредитот се должни ден по прием на средствата од предвремената отплата да извршат проверка на недвижниот имот преку Катастар на РМ со најнов имотен лист. 
  • Трошоци за кредитот: 350,00 МКД  (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), 150,00 мкд апликација за кредит меничен бланкет, нотарска трошоци по нотарска тарифа како и трошоци за проценка согласно тарифникот на банката.
  • Кредитна способност: 1/2 од вкупните месечни примања со можност на ко-кредитобарател.
  • Обезбедување: Хипотека на недвижен имот во вредност од 1:1,4, меница и менична изјава, можност за кокредитобарател.

 

Често поставувани прашања

Постои ли можност за кокредитобарател кај хипотекарниот кредит?

Има можност да  се вклучи кокредитобарател кој треба да биде  во редовен работен однос во ЈА, АД и финансиски институции како и во добра бонитетна приватна фирма која е прифатлива за Халк Банка АД Скопје.

Доколку немам имот на мое име како би можел да земам хипотекарен кредит?

Почитуван, доколку немате имот на Ваше име може да се остави други имот под хипотека со предходна согласност заверена на нотар од сопственикот на имот.

Биди информиран за

ДЕТСКО
ШТЕДЕЊЕ

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Ти плаќаш,
Ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави Банкарски трансакции
од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.