Често поставувани прашања
За што може да го користам овој вид на производ?
Почитувани, доколку планирате реновирање во Вашиот дом со што би ја зголемиле енергетската ефикасност, би ги намалеиле трошоците за електрична енергија, Ви го нудиме овој производ со одлична каматна стапка. Еко кредитот опфаќа подобрување на изолација/поставување на фасада, замена на врати и прозорци, замена на стари котли и грејни тела, инсталирање на енергетски ефикасно осветлување, инсталирање на соларни системи за греење на вода, замена на стара климатизација, изградба на системи за централно греење. За подетална информации може да ја видите следнава брошура.