Почитувани корисници,

Халкбанк АД Скопје започнува со издавање на домашна платежна картичка со ознака ‘’КУПУВАМ  ДОМАШНО’’ наменета за сите корисници кои ќе добијат финансиска поддршка од страна на Влада на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија донесе уредба со законска сила објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 137/20, 147/20 и бр. 151/20 за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги за време на новонастаната состојба (во натамошниот текст: “Уредба со законска сила”).

Корисниците на финансиска поддршка ќе бидат  објавени на www.kupuvamdomasno.gov.mk    и секој корисник со внесување на својот ЕМБГ на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk со безбедносен (HTTPS) протокол, проверува во која банка издавач ќе му биде издадена домашната платежна картичка и висината на финансиската поддршка.

Корисници на финансиска поддршка кои се постоечки клиенти на Халкбанк АД Скопје и  имаат веќе матична филијала ќе им биде отворена посебна трансакциска сметка за намените од уредбата со законска сила. За навремено информирање за начинот на подигнување на Домашната платежна картичка ПОТРЕБНО Е КОРИСНИЦИТЕ:

  • Доколку ги немаат ажурирано податоците да ја контактираат банката преку Контакт центарот на Халкбанк А.Д Скопје 24/7 на телефонскиот број 02/3296-330 за да ги ажурираат податоците за телефонски број или да ја посетат најблиската филијала за да го извршат ажурирањето.
  • Халкбанк АД Скопје кога ќе ја изработи домашната платежна картичка ќе им достави СМС порака со информација каде можат да си ја подигнат домашната платежна картичка од филијалата во која ќе им биде доставена.
  • При врачување на домашната платежна картичка корисникот на финансиска поддршка потребно е во филијалата да се идентификува со документ за лична идентификација (лична карта или пасош).
  • При врачување на домашната платежна картичка корисникот во филијала  склучува:
    • Договор за отворање трансакциска сметка и ја потпишува потребната документација.
    • Договор за издавање домашна платежна картичка “КУПУВАМ ДОМАШНО” и  ја потпишува целосната документација за врачување на картичката.
    • На ПОС терминал во филијалата ја активира домашната платежна картичка со сетирање на ПИНот и потпишува потврда за примопредавање на картичка.
  • Малолетен граѓанин корисник на Домашна платежна картичка кој има валиден документ за идентификација (лична карта или пасош) согласно уредбата со законска сила, може самостојно да даде согласност и да склучи Договор за издавање на домашна платежна картичка и отворање на посебна трансакциска сметка без присуство на родител/старател и без нивно евидентирање во својство на законски застапник во банката и истото ќе се смета дека е во согласност со Законот за облигациони односи и други прописи кои се однесуваат на работењето на банките.


За сите корисници на финансиска поддршка кои се распределени за издавање на домашна платежна картичка ќе им биде отворена посебна трансакциска сметка  за намените од уредбата со законска сила. За навремено информирање за начинот на подигнување на домашната платежна картичка  ПОТРЕБНО Е:

  • Да дојде во најблиската Филијала на Банката каде ќе пополни и потпише апликација за идентификација на клиент или истата да ја донесе пополнета*

    * Апликацијата за идентификација на клиент може да се преземе од следниот линк.


  • Халкбанк АД Скопје кога ќе ја изработи домашната платежна картичка ќе им достави СМС порака со информација каде можат да си ја подигнат домашната платежна картичка од филијалата во која ќе им биде доставена.
  • При врачување на домашната платежна картичка корисникот на финансиска поддршка потребно е во филијалата да се идентификува со документ за лична идентификација (лична карта или пасош).
  • При врачување на домашната платежна картичка корисникот во филијала  склучува:
    • Договор за отворање трансакциска сметка и ја потпишува потребната документација.
    • Договор за издавање домашна платежна картичка “КУПУВАМ ДОМАШНО” и  ја потпишува целосната документација за врачување на картичката.
    • На ПОС терминал во филијалата ја активира домашната платежна картичка со сетирање на ПИНот и потпишува потврда за примопредавање на картичка.
  • Малолетен граѓанин корисник на Домашна платежна картичка кој има валиден документ за идентификација (лична карта или пасош) согласно уредбата со законска сила, може самостојно да даде согласност и да склучи Договор за издавање на домашна платежна картичка и отворање на посебна трансакциска сметка без присуство на родител/старател и без нивно евидентирање во својство на законски застапник во банката и истото ќе се смета дека е во согласност со Законот за облигациони односи и други прописи кои се однесуваат на работењето на банките.


Халкбанк АД Скопје ја изработува домашната платежна картичка на корисник на финансиска поддршка која е еднократен износ на средства исплатена на домашната платежна картичка на корисникот на финансиска поддршка.

Примената финансиска поддршка не може да се користи со употреба на кој било друг платен инструмент освен со домашната платежна картичка.

Примената финансиска поддршка на домашната платежна картичка, корисниците на финансиската поддршка ја користат исклучиво за купување македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија.

Примената финансиска поддршка не може да се користи со употреба на кој било друг платен инструмент освен со домашната платежна картичка.

Со домашната платежна картичка финансиската поддршка не може да се користи за:

  • подигнување готовина од банкомати, од ПОС терминали или со налог за исплата на готовина на шалтерите на банките, конверзија во странска валута или како замена на готовина,
  • плаќање производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) пос терминали, за подигнување готовина на банкомати и други терминали, опслужувани од нерезиденти и/или резиденти, вршители на дејност надвор од територијата на Република Северна Македонија,
  • пренос на парични средства кон други сметки во банката издавач на домашната платежна картичка и/или кон други сметки кај друг носител на платен промет, независно дали е тоа сметка на лицето корисник на финансиската поддршка или е сметка на друго физичко и/или правно лице,
  • плаќање за македонски производи и услуги кои не ги исполнуваат дефинициите согласно уредбата со законска сила,
  • плаќање правни и физички лица кои не го исполнуваат условот за вршење дејност согласно уредбата со законска сила


Договорот за издавање на домашна платежна картичка кој го потпишува корисникот на домашната платежна картичка содржи задолжителни елементи според кои Халкбанк АД Скопје на лице корисник на финансиска поддршка:

  • не пресметува и наплатува надоместоци за издавање на домашна платежна картичка,
  • не пресметува и наплатува членарина за првата година на важност на домашната платежна картичка,
  • не пресметува и наплатува надоместоци за отворање, водење, управување, одржување и слични надоместоци на сметката поврзана со домашната платежна картичка, до крајот на 2020 година,
  • овозможува продолжување на користење на домашната платежна картичка и по истекот на календарската 2020 година, во согласност со општите правила и услови за користење на платежна картичка што Халкбанк АД Скопје ги има објавено на својата интернет страна и
  • не наплатува надоместоци за затворање на сметката и за затворање и/или одјавување на домашната платежна картичка на барање на лицето корисник на финансиска поддршка.


Собраните и  обработени лични податоци се чуваат во рокови утврдени со Законот на банките.

За подетални информации за домашната платежна картичка може да го посетите линкот на www.kupuvamdomasno.gov.mk



Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.