27.03.2017

ХАЛКБАНК со ПРОМОТИВНИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ на Саемот за Мебел 2017

Халкбанк АД Скопје сака да им се заблагодари на сите посетители на 43тиот Меѓународен Саем за Мебел кој беше одржан од 21 до 26-ти март 2017 на Скопски Саем, кои одвоија време да дојдат и да не посетат на нашиот штанд на влезот во првата хала, со цел запознавање со атрактивните услови на нашите промотивни потрошувачки кредити.

Пакетот на ПРОМОТИВНИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ кој го создадовме со цел да одговориме на Вашите потреби и желби во пресрет на Саемот за Мебел 2017 се состои од следните производи.

  • Краткорочен потрошувачки кредит со 6% променлива каматна стапка, без надомест за обработка, со максимален износ до 120.000,00 МКД и рок на отплата до 12 месеци;
  • Потрошувачки кредит за вработени во Ј.А. и приватни компании со 6% фиксна каматна стапка за првите 2 години и променлива каматна стапка за останатиот период која во моментот изнесува 8%, без надомест за обработка, со максимален износ до 900.000,00 МКД и рок на отплата до 95 месеци во зависност од местото и статусот на вработување.

Разгледувајќи ја богатата и разновидна понуда на мебел, посетителите имаа можност да ги одберат парчињата мебел кои совршено ќе се вклопат во ентериерот на нивниот дом или работно место и веднаш да добијат решение и финансиска понуда од страна на претставниците на Халкбанк АД Скопје.

Со специјално одбраните кредитни производи им овозможивме на сите посетители да го создадат амбиентот за кој отсекогаш мечтаеле, притоа уживајќи во удобната каматна стапка на потрошувачките кредити на Халкбанк.

Сите вие кои не успеавте да не посетите, а сепак сте заинтересирани за нашите производи и услуги, како и за ПАКЕТОТ НА ПРОМОТИВНИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ без надомест за обработка, Ве покануваме да не посетите во нашите филијали и подетално да се запознаете со условите и предностите кои ги нуди Халкбанк.

Ваша,
Халкбанк АД Скопје

Биди информиран за

Детско
Штедење

Штеди за твоите деца

Земи ја твојата

Кредитна картичка

Ти пкаќаш,
ние те наградуваме со бонус!

Оди на

Е-банкарство

Прави банкарски трансакции од секаде!

Copyright 2014 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.