21.03.2016

ХАЛКБАНК АД, Скопје со атрактивна саемска понуда ќе се претстави на 42-риот Саем за Мебел

ХАЛКБАНК АД, Скопје срдечно ве поканува да не посетите на 42риот Саем за Мебел кој ќе се одржи од 22 – 27 Март во Метрополис Арената и да ни дадете можност да ве запознаеме со атрактивните услови на нашата специјално дизајнирана саемска понуда.

ХАЛКБАНК АД, Скопје како една од водечките банки во банкарскиот сектор последните неколку години, во делот на кредитирање на население, со свое присуство ќе го одбележи овогодинешниот Саем за Мебел со специјална саемска понуда на дел од своите производи кои ќе бидат понудени по одлична каматна стапка и саемски промотивен период со 0% надомест за обработка на кредитите. Како составен дел на оваа понуда се наоѓаат следните производи:

  • Потрошувачки кредит со 6% номинална променлива годишна каматна стапка и без надомест за обработка до 31.03.2016 година за износи до 120.000,00 МКД;
  • Потрошувачки кредит со девизна клаузула со 7,7% номинална променлива годишна каматна стапка и без надомест за обработка до 31.03.2016 година за износ до 14.500,00 ЕУР и 
  • Еко потрошувачки кредит со 5,5% номинална променлива годишна каматна стапка и без надомест за обработка до 31.03.2016 година за износи до 10.000,00 ЕУР, наменет за поттикнување на користењето на обновливите извори на енергија и остварување значителна заштеда на електрична енергија.

Ваша задача овие неколку дена е да се посветите на одбирање на парчињата мебел кои совршено ќе се вклопат во амбиентот на вашиот дом, а наша задача ќе биде истите да ви ги направиме достапни по совршено поволни услови кои ќе ги одговорат на сите ваши потреби и желби.

Вие сте на ред!

Ваша,
Халкбанк АД, Скопје

Copyright 2018 HALKBANK АД Скопје. Сите права задржани.